Филипински терористи тврдат дека ќе поставеле експлозив како протест против Кина

Од:

Четворицата уапсени филипинци, кои минатата недела имаа неуспешен обид да активираат автомобил бомба  на меѓународниот аеродром во Манила пред истражните органи тврдат дека со активирање на експлозивот сакале да протестираат против окупација на филипински дел од спорното Јужно Кинеско Море од страна на Кина.

Истата група се доведува во врска и со неупешнот обид за активирање на екплозив кај еден мол во близина на манилското метро и се соочуваат за обвинение за тероризам.

Поголем дел од филипинските медиуми изразуваат сомнеж дека бомбашите имале антикинеско чувство. Според нив, поверојатна е претпоставката дека се работи за екстремни радикали, или нивни платеници, кои се спротивставуваат на мирното решение на 50 годишните вооружени судири меѓу армијата и исламистичкиот МОРО фронт нс југот на Филипините.

Претежномуслиманското население на островот Минданао и околниот архипелаг, што се граничи со Малезија, ќе добие автономија, со што се означува и крај на полувековното востание.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони