Филипински напаѓачи бараат прекин на огнот во Сабах

Од:

Филипински напаѓачи кои минатиот месец упаднаа во малезиската држава Сабах побараа прекин на огнот со малезиски трупи кои ги прогонуваат на север во Борнео, додека генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун повика на мирољубиво решение за конфликтот.

Нападите во Сабах предизвикаа политичка криза пред изборите во Малезија како и на Филипини. Двете влади тврдат дека испитуваат обвинувања за вмешаност на опозицијата во нападите.

Околу 200 филипински муслимани кои се претставуваат како приврзаници на самопрогласениот султан од Сулу, окупираа едно село и бараа враќање на исламскиот султанат или исплата на надомест од страна на Малезија.

Армијата на Малезија со употреба на авијација и минофрлачи вчера повторно ги нападна вооружените Филипинци. Во борбите досега загинаа најмалку 40 луѓе меѓу кои и осуммина малезиски полицајци.

Малезискиот премиер Наџиб Разак кого го очекуваат тешки избори в недела, под притисок е да заземе цврст став спрема вооружената група која пристигнала со бродови пред повеќе од три недели.

Владата и полицијата денеска соопштија дека крајбрежната патрола околу Сабах е засилена и евакуирале неколку илјади жители од тоа подрачје.

Околу 800.000 Филипинци воглавно муслимани од југот на Филипини зафатен со повеќегодишен бунт, се населија во Сабах во изминатите години каде имаат работа и мир.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод