Филипинската Влада понуди обнова на мировните преговори со левичарските бунтовници

Од:

Шефот на преговарачкиот тим за мирно решавање на судирите, Алексанадер Падила, во име на филипинската Влада денеска ја обнови поканата за мировни преговори со НПА, вооружено крило на филипинските левичари кои веќе четири децении, со околу 4.000 вооружени борци имаат судири со филипинската војска.

Мировните преговори, за кои посредува и врвот на Католичката црквана на Филипините, беа прекинати во февруари минатата година поради одбивањето на претседателот Акино да гарантира целосна амнестија за бунтовниците.

Борците на НПА имаат најмалку 70 кампови ширум филипинскиот архипелаг, а како основно мото на нивната борба е заштита на сиромашното население. Движењето, кое има финансиска поддршка од неколку држави во Европа, значителна потпора наоѓа и во католичкото свештенство на Филипините.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати