Филипинската полиција уапси лидер на џихадистите од Абу Сајаф

Од:

Филипинската полиција, која со помош на армијата деновиве на угот на државата започна обемна акција против припадниците на радикалната исламистичка група Абу Сајаф, соопшти дека во понеделникот го уапсила Абдулхалик, Алекс, Аџибон.

Уапсниот е познат прпагатор на џихадот на југот на филипинскиот архипелаг, чија локација е откриена и со помош на локалното население кое се жалело дека  Аџибон почнал да регрутира млади муслимани за учество во борбите во Ирак и Сирија. Тој ги убедувал локалните муслимани дека е време и на Филипините да се прогласи исламски калифат.

Групацијата Абу Сајаф, која делува како огранок на Ал Каеда на Филипините и во Малезија, според проценкитена филипинските контраразузнавачи, има меѓу 300 и 400 луше под оружје, а се финансира со киднапирање и уцени за откуп.

Медиумите на Филипините пишуваат дека Абу Сајаф сега джи во заложништво 12 лица, од кои петмина се странци. За двајца киднапирани американски турист Абу Сајаф издаде ултиматум, според која, ако за нив не добие откуп од 7 милиони долари, над нив ќе биде извршена грозомоната егзекуција со отсекување на главите.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони