Филипинската опозиција го обвини претседателот Акино за нефер предизборна кампања

Од:

Филипинската опозиција го обвини сегашнот претседател на државата за предвремена негативна кампања со која, како што тврдат, сегашниот претседател сака да ги елимира повеќето кандидати кои би имале можност да го наследат по изборите идната година.

Најголеми критики претседателот Акино доживува поради неговите обвинувања на сметка на потпретседателот на Филипините Бинај за време на конгресната расправа за трите неуспешни обиди за импичмент.

Бинај е еден од најсериозните кандидати да го замени Акино, но сегашниот претседател, иако негира, се подготвува да издејствува промена на филипинскиот устав со која би му било дозволено да се кандидира за уште еден мандат.

Портпаролот на претседателот Акино, Колома јуниор, коментирајќи ги обвинувањата нагласува дека изборите во 2016 година сеуште не се на агендата на сегашниот шеф на државата, но медиумите во Манила неговата изјава ја дочекаа на нож и со редица извештаи за настаните со кои Акино сака да издејствува втор мандат.

Ограничувањето претседателот на државата да има само еден шест годишен мандат, е направено по желба и иницијатива на мајката на сегашниот претседател, Корасон Акино. Таа беше еден од лидерите на бунтот со кој во 1986 година е сменет диктаторот Фердинанд Маркос и уставното ограничување на само еден мандат за претседателот го објасни како превентива од можно враќање на диктатура на Филипините.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони