Филипинската армија забрзано ги извршува завршните работи за изградба на објектите во новата филипинска воено-поморска база „Улуган беј’’

Од:

Филипинската армија забрзано ги извршува завршните работи за изградба на објектите во новата филипинска воено-поморска база „Улуган беј’’ на островот Палаван, јавуваат денеска филипинските медиуми.

Оваа нова наутичка база ќе има опрема за подолг престој на американските бродови на кои, според договорот за воена соработка меѓу САД и Филипините, потпишан минатиот месец, ќе им се овозможат сите бенефиции.

Изградбата на новата база, во која и армијата на САД вложува околу 40 милиони долари, се интензивира поради се позетагните односи меѓу Кина и повеќе држави од југоисточна Азија, предизвикани од недефинираната сувереност на водите и островите во Јужното Кинеско Море. Најгласни се споровите на Кина со Виетнам и Филипините, но и другите држави од регионот не се согласуваат со кинеските претензии.

Противењето кон кинеската политика за спорното море, богато со нафта и минерали и подрачје низ кое се транспортира над 60 посто од светската трговија со нафта, го зајакна најавата на Пекинг дека на Спратли островите ќе изгради училиште за децата на војниците кои има да ги насели на островите, кои според сегашниот статус во меѓународниот поморски кодекс се сметаат за ненаселени. Најавено е дека на овие острови ќе има околу 1.600 Кинези.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони