Филипинската армија стои зад претседателот Акино

Од:

Главниот командант на филипинската армија, генерал Грегорио Пио Катапанг, денеска изјави дека филипинската јавност треба да биде сигурна дека ниту еден офицер, ниту војник не стојат зад гласините дека армијата со воен удар ќе го смени претседателот Бенињо Акино.

Шпекулациите за подготвеноста на армијата да ја преземе власта се појавија и во неколку филипински медиуми, по три барања за импичмент на претседателот Акино.

Опозицијата во понеделникот и вторникот побара да се започне со постапка за импичмент на сегашниот претседател поради оа што дозволил нза коруптивни махинации во спроведување на државната програма за интензивирање на јавната потрошувачка. Покрај тоа, опозицијата го обвини претседателот дека им ги смалил бонусите и субвенциите на околу 250.000 просветни работници, кои на Филипините се државни службеници. Тврдењето е демантирано и од претседателската палата и од синдикатот на просветните работници.

Последното барање за импичмент, објавено вчера, бара да се преиспита одлуката на претседателот Акино за потпишување нов договор за воена соработка со САД. Според противниците на Акино, претседателот на државата, потпишувајќи нов договор за воена соработка со САД го прекршил Уставот.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони