Филипинската армија понуди условно примирје на радикалите од Абу Сајаф

Од:

Командантот на филипинската армија, генерал Грегорио Катапанг, денеска на островот Сулу на југот на Филипините изјави дека армијата би прифатила примирје со припадниците на исламистичката терористичка група Абу Сајаф, под услов тие да ги ослободат 12-те заложници, меѓу кои пет се странски државјани.

Во последниве две недели филипинската армија е во потрага по логорите на припадниците на радикалната група Абу Сајаф, која е огранок на Ал Каеда, со околу 400 борци што делуваат на југот на Филипините и во Малаезија.

Обемната акција за откривање и евентуално уништување на борците од Абу Сајаф започна по нивната најава дека и во овој дел на светот ќе се прогласи исламски калифат, како исламската држава во Ирак и Сирија. Заканите најсериозно ги прими Малезија која побара заедничка акција со Филипините, Брунеј и Индонезија, предупредувајќи дека се работи за опасна закана. Според малезиски сознанија, неколку илјади припадници на оружените сили на ИДИЛ дошле од државите во југоисточна Азија, па според тоа заканата не смее да се потцени.

Групата Абу Сајаф, покрај средствата што ги добива од странство, своето финансирање го помага и со киднапирање на богати филипинци и странци, за кои бара откуп од два до шест милиони долари. Под закана дека на двајца германски заложници ќе им бидат отсечени главите ако до 19 октомври за нив не биде платен откупот од шест милиони долари, Абу Сајаф ги доби бараните пари. Командантот на филипинската армија денеска рече дека нема докази дека откупот е навистина платен, но малкумина оваа изјава ја прифатија за веродостојна.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони