Филипинската армија ликвидира 11 припадници на левичарската НПА

Од:

Филипинската армиска команда денеска соопшти дека вчера во два судири со вооружени припадници на Новата Народна Армија (НПА) армиски и полициски сили на југот на островот Лузон убилее 11 и раниле двајца герилци.

Медиумите во Манила шпекулираат дека меѓу убиените е и еден од најпознатите команданти на НПА, Ка Крис, познат по прекарот „Командант Ранду“.

Според армиски извори, во првиот судир бунтовниците планирале напад и заземање на полициска станица во гратчето Матног, но биле пресретнати и по 30 минутна борба, преживеаните бунтовници се повлекле. Покрај шесте загинати, има и двајца ранети припадници на НПА.

Во вториот судир што се случил во петокот навечер, во армиска заседа, по десетминутна борба, биле убиени петмина бунтовници на НПА.

Според филипинската армија НПА сега има околу 4.000 вооружени борци што оперираат на целата територија на архипелагот, но раководството на ова левичарско движење тврди дека има повеќе од 10.000 припадници под оружје.

Преговорите за прекин на непријателствата, започнати во шеесетите години на минатиот век се прекинати минатата година.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони