Филипините во очекување на најсилниот тајфун оваа година

Од:

Филипините почнаа денеска со евакуација на десетици илјади жители од јужното крајбрежје на архипелагот, поради приближувањето на тајфун, кој формира ветрови со бризина од 210 километри на час и кој се проценува дека ќе биде најсилниот оваа година.

Тајфунот Бофа се очекува вечерва да достигне до Хинатуан- риболовно пристаниште со 39.000 жители. Градоначалникот им нареди на локалните жители, кои живеат покрај океанскиот брег и близу до реките или островите да побараат засолниште.

– Се уште не врне, но вечерва може да започне. Тоа е најсилниот тајфун оваа годината, предупреди Едгардо Олет, шеф на Цивилната заштита во Манила.

Според локалните синоптичари Бофа ќе донесе „значителна количина на поројни дождови“ во Хинатуан и регионот, но и на централните острови од архипелагот.

Секоја година околи 20 силни бури и тајфуни ги погодуваат Филипините, најмногу во периодот од јуни до октомври, а Бофа е 16-от оваа година.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони