Филипините пред мирно решавање на 50-годишниот спор со муслиманите од југот на Архипелагот

Од:

Портпаролот на филипинскиот претседател Херминио Колома денеска соопшти дека претседателот Акино во понеделник ќе го добие комплетираниот предлог-документ за автономија на делови од државата на југот каде што претежно живеат муслимани.

Нацрт докуменот ќе му овозможи на филипинскиот претседател да добие овластување за итна постапка за верификација на прогласувањето на автономијата, која во најголем дел го опфаќа островот Минданао.

Договорот за мирно завршување на пет децениската војна меѓу филипинската армија и МОРО исламскиот ослободителен фронт се смета за еден од најголемите успеси на претседателот Бенињо Акино. Во долгогодишните судири на југот на државата имаше над 1.000 загинати војници и бунтовници, а првите сериозни преговори за примирје започнаа пред две години.

Од извори блиски до претседателската палата Малаканг, филипинскиот весник „Манила тајмс“ пренесува дека едно од најголемите достигнувања во преговорите меѓу власта и бунтовниците е решението со кое раководството на МОРО фронтот се обврзало целосно да соработува во елиминација на радикалните муслимански групи што имаат бази во прашумите во близина на границата меѓу Филипините и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати