Филипините најавуваат посилно воено присуство на САД во своите воени бази

Од:

Филипинските медиуми денеска објавија дека се подготвува договор според кој припадниците на американската Седма флота ќе имаат повеќе права за пристап и преспј во поморските бази на архипелагот што излегуваат на водите на Јужното Кинеско Море.

Ова ќе биде дополнување на договорот за воена соработка меѓу САД и Филипините, потпишан минатиот месец, при посетата на американскиот преседател Барак Обама на Филипините. Веста е потврдена и од главната команда на филипинската армија.

Проширувањето на договорот се доведува во врска со се понапнатата ситуација околу споровите за сувереноста на крајбрежните и отворените води на Јужното Кинеско Море. За овој дел на источниот Пацифик Кина има прогласено речиси апсолутен суверенитет, но на тоа се спротиставуваат Филипините, Виетнам, Лаос, Тајланд, Малезија, Брунеи, Сингапур и Индонезија.

Јужното Кинеско Море располага со значајни резерви на нафта, гас и минерали и е еден од најзначајните поморски трговски правци низ кој годишно се транспортира стока во вредност од над пет илајди милијарди долари.

Кина предизвика остро спротиставување на соседите од овој регион со започнувањето на подготовки за поставување на платформи за нафта и со подготвителни работи за изградба на аеродромска писта во еден од атолите што се наоѓаат во меѓународните морски води.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони