Филипините ќе предложат замрзнување на сите активности во Јужното Кинеско Море

Од:

Филипините ќе предложат замрзнување на сите активности што можат да доведат до зголемување на напнатоста меѓу Кина и повеќето држави од југоисточна азија кои спорат околу сувереноста на Јужно Кинеско Море. Филипинскто Министерство за надворешни работи денеска објави план со три поглавја што треба да го прифатат министрите за надворешни работи на десетте дрѓави на АСЕАН и Кина, на состанок кој ќе оддржи во август.

На министерскиот состанок ќе бидат поканети и претставници на САД, ЕУ и Мјанмар. Се очекува сите заинтересирани држави даго прифатат замрзнувањето на активностите во Јужното Кинеско Море, се додека заинтересираните меѓу себе, или со посредство на меѓународната дипломатија и судски институции не предложат конечно решение за правата на сувереност меѓу државите што се спорат.

Спорот околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море започна во педесеттите години на минатиот век, а напнатоста ескалираше минатата година, кога Кина почна истражувања на морското дно на територија која за своја ја сметаат Филипините и Виетнам. Годинава во Виетнам во антикинески протести загинаа најмалку пет, а беа ранети стотина лица.

Кина тврди дека има историско и легитимно право на над 90 посто од површината на Јужно Кинеско Море, но Филипините, Виетнам, Брунеи, Малезија и Тајван сметаат дека над половина од оваа територија спаѓа во меѓународни води, а најмалку една четвртина треба да се суверени територии на овие држави.

Јужното Кинеско Море, како што се претпоставува, има огромни резерви на нафта и гас. Морето е богато со риба, а над половина од светскиот пренос на роба по морски пат, со вредност од над пет илјади милијарди долари,се извршува преку ова спорно море.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони