Филипините ја забранија работата на две сингапурски агенции за рeгрутирање странски работници

Од:

Неколку дена од како сингапурските власти објавија војна против растечкиот сајбер национализам, што се појави на социјалните мрежи на петмилионскиот град – држава, особено вперен против филипинските работници во Сингапур, денеска реагираше и официјална Манила.

Филипините соопштија дека Канцеларијата за работа во странство при Министерството за труд ја одзела лиценцата на две сингапурски агенции за посредување. По налог на миноистерката за труд Росалина Балдоз, затворена е агенција која на својот сајт од неодамна се нарекла „лидер на пазарот“, а втората, под име  „Буџетска агенција за послуга“’, немала договор со филипинските власти.

Филипинското Министерство за труд ги преиспитува лиценците и начинот на ангажирање овдешни работници на уште четири сингапурски агенции од оваа бранша.

Во Сингапур легално работат 160.000 филипински државјани. Меѓу нив има и голем број високообразовани експерти кои, според се поприсутните тврдења во Сингапур, ги заземаат подобро платените работни места на сингапурците.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски