Филипините демантираат дека војската на САД ќе има постојани бази на нивна територија

Од:

Филипинскиот потсекретар за одбрана Лоренцо Батино на денеска прес-конференција во Манила и официјално демантираше дека воените и поморските бази на територијата на оваа држава ќе станат постојани воени бази на армијата на САД.

Шпекулациите за повторно враќање на американската војска на филипинска територија уследија по потпишувањето на договорот за воена соработка меѓу САД и Филипините при неодамнешната посета на американскиот претседател Барак Обама.

Батино, кој беше главниот филипински преговарач за договорот за воена соработка со Вашингтон, изјави дека, дефинитивно Филипините нема да станат домаќин на најголемите воени бази на САД вон нивна територија.

Иако, според него, Американците ќе вложат големи средства во проширување на воените поморски бази што се наоѓаат на источниот  филипински брег на Јужното Кинеско Море, тие во базите ќе бидат само гости.

Според него, договорот овозможува американските војници да ротираат од една во друга база, а домаќините ќе воделе строга контрола дали овој дел на определбите од договорот се почитува.

Зголеменото воено присуство на САД на Филипините се доведува во врска со се понапнатите односи на Манила и неколку други земји во регионот во врска со кинескиот став за суверенитет врз речиси целата територија на Јужното Кинеско Море.

Покрај, Филипините и Кина, претензии кон отворените површини на ова море имаат и Виетнам, Тајланд, Малезија, Индонезија, Брунеи и Сингапур.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати