Илјадници хартиени лампиони го осветлија небото над кампусот на еден универзитет на Филипини, каде што синоќа се собраа голем број луѓе во обид да постават нов рекорд.
Организаторите на манифестацијата, опишана како прослава на светскиот мир низ медитација, соопштија дека се пуштени вкупно 15.185 хартиени светилки.
Претходниот рекорд од 12.740 лампиони беше поставен минатиот јуни во Ромунија.
Како што пренесува „Би би си“ светилките се поставени на фудбалскиот терен на Универзитетот Висајас, во централната филипинска провинција Илоило.
Елена Георгиевска