Филип Хамонд демантира дека го „поткопува Брегзит“

Од:

 Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд ги отрфрли обвинувањата во медиумите дека го „поткопува Брегзит“ и го „забавува напредокот“ кон излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Според министерот Хамонд, таквите обвинувања се „обично ѓубре“.
Минатата недела, Хамонд учествувал во расправа со другите министри околу контролата на имиграцијата во земјата, по заминувањето од ЕУ.
Дел од лондонските весници потоа тврдеа дека некои министри изразиле сомнеж во Хамонд, затоа што го попречува Брегзит, одлагајќи го решението за блокирање на мигрантите од земјите на ЕУ.
Министерот за здравство, Џереми Хант денеска, исто така, ги отфрли ваквите пишувања, инсистирајќи дека Владата е обединета околу Брегзит.
– Мора да се разгледаат сите опции пред да се одбере вистинското решение за мигрантите, истакна Хант.
Проториевскиот и про-Брегзит весникот „Дејли Телеграф“, меѓутоа, тврди дека Хамонд бил „еден од гласовите за внимателност“ на Владата, кога станало збор за издавањето работни визи за држаавјаните од ЕУ.
Повод за правењето делби во Владата за весникот е предлогот на министерот за внатрешни работи Амбер Рад, мигрантите од ЕУ да добијат виза за работа во Британија, само тогаш кога ќе докажат дека имаат обезбедено работно место според квалификациите што се бараат.
Антиевропските весници тврдат дека Филип Хамонд бил против таа Британија да не биде дел од заедничкиот пазар на ЕУ, но овие медиуми тврдат дека победила силната струја за целосен Брегзит, што се гледа и од тоа каков е предлогот на шефот на Хоум Офисот, Рад.
Антиевропските и тврдите евроскептични весници во Лондон ја обновија кампањата против ЕУ, обвинувајќи ги сите министри, функционери и независни аналитичари, дека го поткопуваат решението на референдумот и одлуката за Брегзит со тоа што предупредуваат на внимателност поради заканата за домашната економија.
Некои од овие медиуми дури предвидуваат дека Филип Хамонд ќе поднесе и оставка, објаснувајќи го тоа како несогласување со позицијата на премиерот Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он