Фидел Кастро во тешка состојба

Од:
Само еден ден откако беше објавено соопштението на поранешниот кубански лидер Фидел кастро, американските медиуми пренесоа дека неодамна тој доживеал тежок мозочен удар.
„Мајами Хер алд“, го цитираше докторот Хозе Маркина од Венецуела, кој рече дека Кастро е „многу блиску до состојбата на растение“.

„Тој е многу блиску до вегетативна состојба. Неподвижен е, отежнато се храни, тешко комуницира и не ги препознава луѓето“, рече Меркина за весникот „Ел Нуево Хералд“.

Кастро се нема појавено во јавноста уште од март кога беше неговата средба со папата, а изминативе четири месеци нема ниту една вест за него, се до вчера, кога државните медиуми озбјавија соопштение чиј автор наводно е лично тој.

„Кастро е во својата куќа во Хавана, под специјална медицинска нега. Идејата на кубанската власт и на неговоро семејство е да го оддржуваат во живот и што подалеку од очите на јавноста“, рече Маркина.

Докторот од Венецуела додава дека Фидел вака може да живее со недели, меѓутоа никој, никогаш нема да го види освен неговите најблиски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД