Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро денеска го слави 88-от роденден, а по тој повод е реновирана куќата во која е роден во градот Биран во источниот дел на Куба, соопшти кубанската државна телевизија.
Куќата-музеј претставува реплика на семејната куќа со десет соби што е урната пред повеќе години.
Фидел Кастро е роден на 13 август 1926 година како трето од вкупно седумте деца на шпанскиот имигрант Анхел Марија Кастро и кубанката Лине Рус.
Кастро ја предводеше комунистичката револуција во која е соборен претседателот на Куба, Фулхенсио Батиста на 1 јануари 1959 година и управуваше со земјата до 2006 година. Поради тешка болест тој му ги пренесе своите надлежности на помладиот брад Раул Кастро, кој е роден 1932 година.