Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем во регионот

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот.

– Израелскиот експанзионизам останува главен проблем на стабилноста и безбедноста во нашиот регион. Проблемот со кој се соочуваме во Заливот не треба да нè натера да го заборавиме прашањето за Газа, рече Фидан во Доха, за време на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Сани, објави Анадолу.

Според Фидан, „спречувањето на употребата на Ормутскиот теснец како оружје е важно не само за регионалната стабилност, туку и за глобалната економија“.

Ал Сани, од своја страна, го обвини Израел за злоупотреба на хуманитарната помош.

„Катар и Турција ги поддржуваат напорите на Пакистан да посредува за завршување на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Израел продолжува да го крши прекинот на огнот во Појасот Газа и да ја користи хуманитарната помош како оружје“, рече Ал Сани.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски