Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција продолжува да одржува дипломатски контакти за да помогне во завршувањето на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Изјавата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан: „Нема да нападнеме освен ако не бидеме нападнати. Се извинуваме за нападот“, е изјава што ја нагласуваме“, рече Фидан по неформалниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата на турски држави, објави агенцијата Анадолу.
Тој додаде дека Иран „изразил разни резерви во врска со оваа изјава“, но дека тоа е внатрешно прашање во рамките на иранскиот систем.
„Експанзионистичката и раздорна агенда на Израел е широко позната. Израел усвои стратегија за предизвикување нестабилност, конфликти и граѓански војни низ целиот регион. Заедно со нашите пријателски и братски земји, усвоивме политика ориентирана кон мир против овој пристап“, нагласи турскиот министер за надворешни работи.
Како што истакна, Турција го одржа мирот, безбедноста и стабилноста и покрај превирањата околу неа, благодарение на надворешната политика предводена од нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
