Фицо: Словачка ќе поднесе тужба поради квотите за бегалците

Од:

Словачка ќе поднесе тужба до Судот на ЕУ против одлуката за обврзувачки квоти за прераспределување на бегалците во земјите-членки на Унијата, најави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо, при соопштувањето на новиот став на неговата Влада.

– Ние не се согласуваме со задолжителните квоти и ова мислење денеска ќе го формализираме, рече Фицо објаснувајќи дека за тоа Владата нема потреба да добие согласност од Парламентот.

Очекувајќи конкретната форма на тужбата да биде реализирана за две месеци, Фицо одби да шпекулира во врска со шансите за успех, јави дописникот на МИА.

Министрите за внатрешни работи на државите на ЕУ, минатата недела во Брисел со мнозинство гласови ги одобрија квотите за распределување на 120.000 бегалци. Освен Словачка, против предлогот беа и Чешка, Унгарија и Романија, додека Финска се воздржа од гласање.

Врз основа на одлуката за прераспределба на бегалците, Словачка треба да прифати 802 бегалци, од кои 612 од Грција и 190 од Италија.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он