Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека не е загрижен за потенцијалното влошување на односите со партнерите од ЕУ и НАТО поради неговото патување во Москва по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, но оцени дека не е соодветно партнерите во двата блока да си издаваат наредби за забрана на летови меѓу себе.
На прес-конференцијата Фицо го критикуваше одбивањето на балтичките земји да дозволат неговиот авион да лета над нивниот воздушен простор до Москва, што го принуди да ја смени рутата, што укажува дека таквите акции не се соодветни меѓу партнерите од ЕУ и НАТО, пренесе ТАСР.
Словачкиот премиер изјави дека забраната за летови има за цел да го „саботира“ неговото патување.
„Тоа не можеше да ме спречи, имав неколку опции за рути“, истакна Фицо.
Тој повторно ги осуди коментарите на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас дека таа не е негов претпоставен и нема право да му кажува што треба и што не треба да прави.
Фицо посочи дека за време на билатералните разговори во Москва добил важни информации на кои може да се обрати европската дипломатија, дали станува збор за иницијативата за организирање директни разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул или за трговските односи меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.