Фиала: Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на Словачка

Од:

Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на соседна Словачка, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фиала.

Словачка одлучи да ги приземји своите борбени авиони МиГ-29 од руско производство и побара од сојузниците од НАТО да патролираат на нејзиното небо. Приземјените авиони би можеле да бидат испратени во соседна Украина за да му помогнат на Киев да се одбрани од руската инвазија.

„Не гледам никаков проблем овде, владата сигурно ќе го одобри тоа“, рече Фиала за време на телевизиската дебата со неговиот словачки колега Едуард Хегер.

Во 2018 година, Словачка нарача борбени авиони Ф-16 од САД. Почетокот на испораката на авионите беше планиран за оваа година, а крајот на испораката следната година. Но, сега се претпоставува дека испораката ќе се случи во 2024 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски