Фернандо Луго: Американскaта корпорација ГМО е „заговарач на државен удар“

Од:

Соборениот претседател на Парагвај, Фернандо Луго, изјави вчера дека “заговарач на државен удар е корпорацијата од САД Монсанто која сее смрт и уништување”. Луго така самиот го призна она што се шпекулираше некое време, дека зад парламентарниот државен удар, што се одржа ова лето во Парагвај, застана добар дел од американската корпорација Монсанто ГМО.

Монсанто веќе претвори голем дел на обработливото земјиште во Парагвај во земја за одгледување на ГМО култури како што се соја, итн. Сепак, работите почнаа да се менуваат кога на власт во 2008. дојде левичарскиот претседател Фернандо Луго. Имајќи го спроти себе целиот парламент, кој е тесно поврзан со локалните елити и странски корпорации, Луго не можеше да стори многу, но почна да пружа силен отпор на доминацијата на Монсанто во Парагвај. На крајот на краиштата Луго беше соборен на 23 Јуни оваа година, во т.н. “Парламентарен државен удар”.

Луго вчера одржа говор на церемонијата на затворање на агро-еколошкиот фестивал, организиран од страна на земјоделците и членовите на домородните народи на Парагвај. Фестивалот наречен “Недела на семето” беше организиран со цел да се протестира против ГМО семе на памук и соја.

Луго изјави дека неговата администрација се бореше во последните две години за одбрана и враќањето на природните семиња и вели:. “По овој државен удар на меѓународните компании, особено Монсанто, го превземаа водечкото место и ќе настојуваат да ги уништат природните семиња. Монсанто сее смрт, но ние ќе ги вратиме нашите традиционални семиња. ”

Овој понеделник се одржа протест во главниот град на Парагвај, Асунсион. Демонстрантите пристигнаа во центарот на градот со транспаренти на кои пишуваше “Монсанто оди си од Парагвај!” и “Ние сакаме да живееме”. Некои извикуваа “Monfranco оди си!” (Монсанто + Федерико Франко), осврнувајќи се на новиот претседател кој дојде на власт по државниот удар.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска