Широките ограничувања за движење во Аргентина ќе бидат продолжени за уште две недели, јави ДПА.
-Мерките ќе важат најмалку до Велигден, изјави претседателот Алберто Фернандез.
„Ова е војна против невидлив непријател“, изјави Фернандез и додаде дека „е убеден дека ќе имаме, добри резултати доколку го почитуваме карантинот“, додае германската агенција .
Досега во Аргентина се потврдени 820 инфекции со коронавирусот, а 20 лица завршија фатално.
Ограничувањето за движење првпат беше воведено на 20 март, со наредба луѓето да не ги напуштаат своите домови. Единствено беа дозволени куси излегувања до блиските продавници за храна и средства за заштита.
Изолацијата не важи за лекарите, полицијата, како и работниците во здравството, прехранбениот и нафтениот сектор, како и логистиката.