Аргентина ќе го продолжи карaнтинот што го воведе на 20 март како мерка за контрола на ширењето на коронавирусот, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.
Во Аргентина се регистрирани 1.975 случаи на заразени од вирусот, а од како последица од него починале 82 лица.
Фернандез истакна дека изолацијата помогна во контролата на ширењето на вирусот Ковид-19.
Тој не прецизираше кога може да се укине карантинот.