Ферибот со повеќе од сто патници се преврте во река во централниот дел на Бангладеш, јавија локалните медиуми.
Локалното население успеало да спаси 38 лица.
Несреќата се случила во река во областа Муншингај, 32 километри јужно од Дака.
Според првичните информации фериботот патувал од Нарајанган до Матлаб во јужниот дел на државата. Испратени се спасувачки екипи на местото на несреќата.