„Фемен“: Три активистки на групата и еден фотограф киднапирани во Киев

Од:

Три активистки на феминистичкото движење „Фимен“ и нивниот фотограф, се киднапирани денеска во Киев, непосредно пред планираниот протест против посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина, соопшти организацијата.

Наводниот напад на членовите на „Фимен“, познати по топлес протестите, се случил додека активистите Оксана Шачко, Јана Жданова, Александра Шевченко и фотографот Дмитриј Костанков се движеле кон местото планирано за протести. Тие биле нападнати од непозната група и принудени да влезат во автомобил, кој потоа заминал во непознат правец, соопшти лидерот на „Фемен“ Ана Хутсол.

Се уште нема официјални информации за нападот. Хутсол истакна дека наспроти нападите, „Фемен“ ќе одржи серија протестни акции поради посетата на Путин на Украина.

„Фемен“ е позната по протестите на своите активистки со топлес гради испишани со пораки во знак на протест против дискриминација на жените и кршењето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари