Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини синоќа пристигна во посета на Куба, во рамки на процесот за нормализирање на односите меѓу Брисел и Хавана.
Таа е прв европски претставник од ваков ранг кој го посетува островот од почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Куба,
За денеска се предвидени средби со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес и со министерот за економија Марино Муриљо, кој е одговорен за реформите воведени од претседателот Раул Кастро во 2008 година. Средбата со кубанскиот претседател Кастро не е објавена, но не се исклучува да биде одржана.
Могерини денеска ќе разговара и со кардиналот Хаиме Ортега, кој е поглавар на кубанската Црква.