Федералната служба за безбедност тврди: Се истражуваат дејствијата на Дуров под сомнение за помагање на тероризам

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека започнала истрага против основачот на Телеграм, Павел Дуров, под сомнение за наводно помагање на терористички активности, а властите проценуваат дека платформата станала инструмент на хибридни закани за безбедноста на Русија, објави рускиот весник „Росија газета“, повикувајќи се на материјали од ФСБ.

Дуров е под истрага според член 205.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој се однесува на помагање на терористички активности.

Весникот наведува дека платформата, основана во 2013 година, од комуникациска платформа прераснала во алатка за која се тврди дека ја користат екстремистички и терористички групи, како и странски разузнавачки служби.

Би можело да ве интересира

Тројца Руси планирaа напад врз руската железница на барање на украинските служби

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

ФСБ: Спречен е терористички напад во Московскиот регион

Основачот на Телеграм повторно мета на испрашување од француските истражители

А1он

Милијардерот Дуров: Имам повеќе од 100 деца, им оставам наследство од 13,9 милијарди долари

А1он

Киев нарача терористички напад, Москва на време го уапси терористот