Федерален судија го блокираше планот на Трамп за масовна „чистка“

Од:

Федерален судија го блокираше планот на американскиот претседател Доналд Трамп да го охрабри заминувањето на федералните вработени нудејќи им финансиски стимулации.

Одлуката на судот дојде само неколку часа пред истекот на полноќниот рок за апликации за одложената програма за оставки, често опишана како отпремнина.

Американскиот окружен судија Џорџ О’Тул Џуниор од Бостон не изрази мислење за законитоста на програмата. Тој закажа рочиште за понеделник во 14:00 часот по источно време и и нареди на администрацијата да го продолжи рокот за поднесување документи додека не може да се одржи рочиштето.

Неколку синдикати ја тужеа администрацијата на Трамп поради овој план, кој го смисли неговиот главен советник Илон Маск. Трамп се обидува да ја намали и преобликува федералната работна сила.

Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека повеќе од 40.000 федерални работници се согласиле да дадат отказ во замена за продолжување на примањето плата до 30 септември.

„Очекуваме тој број да расте“, рече Левит.

Би можело да ве интересира

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Трамп: Ја добивме војната

(ВИДЕО) Трамп потврди: Кувајт собори три американски Ф-15

„Иран се сомнева дека притисокот на Трамп за мировни преговори е уште еден трик“

ВИДЕО: Си преговарате сами со себе, Иран го исмеа Трамп

Мировниот план на Трамп за Иран ги намали цените на нафтата