Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Од:

Американскиот федерален суд поништи одлуката на Пентагон да им забрани пристап на одредени новинари, потврдувајќи ја тужбата на „Њујорк тајмс“ во која се тврдеше дека законот е неуставен.

Во декември, медиум од Њујорк поднесе тужба тврдејќи дека ограничувањата на Пентагон за пристап до одредени медиуми го кршат Првиот амандман на Уставот, кој гарантира слобода на изразување.

„Њујорк тајмс“ тврдеше дека промените од минатата година му дале на одделот одврзани раце да го блокира пристапот на новинарите и медиумите за известување што не му се допаѓа. Владата го оспори таквиот опис, тврдејќи дека политиката е разумна и неопходна за националната безбедност, пишува „Ројтерс“.

Судијата на окружниот суд во Вашингтон, Пол Фридман, пресуди дека значаен дел од новата политика за акредитација на Пентагон навистина крши неколку амандмани на Уставот.

Во октомври, Пентагон објави барање до новинарите повеќе да не бараат или објавуваат одредени информации без изрична дозвола, заканувајќи им се со повлекување на нивната акредитација доколку одбијат, објави агенцијата „Франс прес“. Во измените, одобрени од министерот Пит Хегсет, се наведува дека новинарите можат да се сметаат за безбедносен ризик ако го охрабруваат воениот персонал да открива класифицирани, а во некои случаи и некласифицирани информации.

Пентагон, поранешното Министерство за одбрана кое претседателот Доналд Трамп го преименува во Министерство за војна, избрка осум медиумски куќи од своите прес-канцеларии во последните месеци, вклучувајќи ги Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост и Си-Ен-Ен.

„Авторите на Првиот амандман веруваа дека безбедноста на нацијата бара слободен печат и информиран народ и дека оваа безбедност е загрозена кога владата го потиснува политичкиот говор“, се вели во образложението на судот за одлуката.

„Тој принцип ја штити нацијата речиси 250 години. Не смее да се напушти сега“, додаде Фридман.

Тој нагласи дека е свесен дека „националната безбедност мора да се заштити“, како и безбедноста на трупите и воените планови.

„Но, особено во светлината на неодамнешниот упад во Венецуела и тековната војна во Иран, поважно е од кога било јавноста да има пристап до информации од различни перспективи, за да знае што прави нивната влада.“

Граѓаните „можат да ги поддржат владините политики ако сакаат или да протестираат против нив“ и „да одлучат за кого да гласаат на следните избори врз основа на целосни и отворени информации“, заклучи судијата.

На Пентагон му е наредено веднаш да ги обнови акредитациите на седум новинари на „Њујорк тајмс“. Портпаролот на телото, Шон Парнел, објави на социјалните медиуми дека владата не се согласува со новата одлука и ќе поднесе жалба.

Би можело да ве интересира

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Иран немаше избор, а вие ја изгубивте контролата, Оман му испрати остра порака на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира