ФДА: Ќе се фрлат спорните серии вакцини Џонсон и Џонсон

Од:

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа соопшти дека фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон ќе мора да фрли повеќе милиони дози вакцина против Ковид-19, произведени во фабриката во Балтимор.

Во исто време ФДА одобри употреба на 10 милиони други дози од вакцината.

Според Њујорк тајмс спорниот контингент вакцини опфаќа околу 60 милиони дози. ФДА не потврди за колкава бројка вакцини се работи освен дека неколку серии не се за употреба.

Производството на вакцини во фабриката во Балтимор е стопирано во април откако е откриено дека состојките во вакцината на Астра Зенека, што во исто време се произведуваа во фабриката, штетно влијаеле на една серија вакцини на Џонсон и Џонсон.

Вакцината на Астра Зенека не се произведува повеќе во фабриката во Балтимор.

И Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека контингентот вакцини на Џонсон и Џонсон, кои се направени за европскиот регион во време кога беше откриена грешка во производството на дози во Балтимор, САД, како мерка на претпазливост, нема да се користи.

ЕМА не соопшти за колку дози станува збор, но западните медиуми наведуваат дека станува збор за неколку милиони дози.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он