ФБИ вратил на Рим мозаик стар 2.000 години

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и вратило на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија денеска од ФБИ.

ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен „мозаик со приказ на митолошката фигура Медуза“.

Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ.

Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и 100 години.

Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да истражат за потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“.

– Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес.

Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат со негово враќање.

Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Италија го повлече предупредувањето за цунами

Уапсен убиец поврзан со Ндрангета, беше во бегство 16 години, последните три бил пица мајстор

Катерина Павлова-Николовска

Италијанската премиерка Мелони во посета на Либија

Ана Ололовска

Италијанската полиција уапси 56 припадници на мафијашкиот клан „Ндрангета“ и заплени 250 милиони евра

А1он

Трагедија во Рим, новороденче се задуши под неговата мајка

Горан Наумовски

Апсење во Италија во врска со корупцискиот скандал во Европскиот парламент

А1он