ФБИ уапси републикански кандидат за гувернер поради учество во немирите во 2021 година.

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска го уапси кандидатот на Републиканската партија за гувернер на Мичиген, Рајан Кели, поради учество во немирите на 6 јануари 2021 година.

Портпаролката на ФБИ Мара Шнајдер изјави дека Кели е уапсен во западен Мичиген.

Кели, еден од петте републикански кандидати, е обвинет бидејќи ги охрабрувал насобраните за време на нередите пред Капитол.

Тој се кандидираше за предизборите на Републиканската партија на 2 август. Изборниот штаб на Кели засега нема коментар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка