ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција

Од:

Повеќе од 200 жртви на сексуална експлоатација се спасени за време на двонеделната операција низ САД, соопшти во вторникот Федералното биро за истраги (ФБИ), додавајќи дека се пронајдени и 126 осомничени за злосторствата.

Пронајдени се и 59 малолетни жртви на трговија со деца и сексуална експлоатација, како и уште 59 малолетници кои се пријавени како исчезнати, соопшти ФБИ.

„Трговијата со луѓе е сериозно кршење на човековите права што ги таргетира најранливите членови на нашето општество“, рече директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, додавајќи дека таквите злосторства нема да се толерираат.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп