ФБИ оценува дека руски хакери стојат зад кибер-нападот во катарската новинска агенција

Од:

Истражители од ФБИ сметаат дека руски хакери стојат зад кибер-нападот врз катарската новинска агенција, што се случи кон крајот на мај, јави „Си-Ен-Ен“.

Хакерите се инфилтрирале во серверите на агенцијата и на нејзиниот сајт објавиле лажни изјави на емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.

Целта на Русија била преку кибер-нападите да предизвика тензии меѓу САД и нивните сојузници, оценуваат истражителите од ФБИ, кои му помагаат на Катар да ги открие извршителите на кибер-нападите во агенцијата КНА.

Кон крајот на мај Катар соопшти дека хакери воспоставиле контрола над интернет страницата на државната новинска агенција и објавиле лажни изјави ја катарскиот емир.

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка