ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Од:

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк.

– Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот во Јута Вали, објави ФБИ на социјалните мрежи.

Полицијата и американските федерални агенти потврдија претходно денес дека ја пронашле снајперската пушка за која се верува дека е употребена во атентатот врз влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута, но убиецот е сè уште на слобода и е во тек потрага по него.

Кирк беше основач и лидер на Turning Point USA (TPUSA), политичка непрофитна организација која промовира конзервативни идеи кај младите луѓе во средните училишта и колеџите низ САД. 31-годишникот беше добро познат коментатор на радио подкасти и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп.

Многумина му ја припишуваат заслугата за освојување на помладите гласачи на Републиканската партија.

Тој беше убиен во среда со еден куршум во вратот пред толпа од 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали во Орем, околу 40 милји јужно од Солт Лејк Сити. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, го нарече убиството политички атентат.

Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач, облечен во темна облека, пристигнал на универзитетот неколку минути пред настапот на Кирк и бил виден на безбедносната камера како се качува по скалите што водат до крвопролевањето. Тој испукал само еден куршум од блискиот покрив во „целен напад“, соопшти ФБИ.

Федералното истражно биро (ФБИ) отвори дигитална линија за пријави од граѓани.

Во среда, ФБИ притвори, испраша, а потоа ослободи две лица кои беа ослободени бидејќи не се сметаат за осомничени.

Би можело да ве интересира

Се потсмеваше на убиениот Чарли Кирк, сега тврди дека животот ѝ е уништен

А1он

ВИДЕО: За Трамп, Чарли Кирк е „американски херој“, вдовицата му простува на убиецот

Десетици илјади луѓе присуствуваат на комеморацијата за американскиот инфлуенсер Чарли Кирк

Горан Наумовски

Вдовицата на Кирк: Ја носам неговата крвава огрлица

Горан Наумовски

Спречен е инцидент пред комеморацијата на Чарли Кирк, полицијата уапси вооружен маж

Трамп, Венс и Рубио ќе присуствуваат на комеморацијата за убиениот Чарли Кирк