Специјална единица на ФБИ го опколила станот во Бостон во кој живееле двајцата осомничени за атентатот на градскиот маратон од понеделникот, соопшти ТВ „Скај њуз“, цитирана од агенциите.
Според британската телевизија, полицијата и другите органи на редот трагаат по Чеченецот Џохар Царнаев, откако неговиот брат Тамерлан Царнаев беше убиен во престрелка со полицијата.
Агенти на ФБИ, вооружени со специјално оружје, ја опколиле станбената зграда на улицата „Норфок“, во која живееле браќата.
Во зградата во тек е претрес и две лица се приведени, но осомничениот не е меѓу нив.
Снимките на „Скај њуз“ покажуваат како полицијата од опколеното здание вади една уапсена жена