ФБИ ја опколи куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска

Од:

Агентите на Федералното истражно биро (ФБИ) ја опколија куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Вашингтон.

Тоа го напиша новинар на Си Ен Би Си, повикувајќи се на портпарол на американската агенција.

Репортерот Том Винтер напиша на Твитер дека федерални агенти се наоѓаат пред куќата на Олег Дерипаска, а пристапот до објектот е блокиран.

Причината за нивното присуство не е позната. Портпаролот истакна дека агенцијата го спроведува законот, но не даде повеќе детали за акцијата.

Претставниците на ФБИ не биле достапни за коментар.

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка