ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) истражува дали има некаква поврзаност помеѓу експлозијата на автомобил Тесла Сајбертрак пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас и нападот со пикап во Њу Орлеанс во кој загинаа 15 лица за време на новогодишната ноќ, соопштија официјални лица.

Специјалниот агент на ФБИ Џереми Шварц им изјави на новинарите дека ФБИ го идентификуваше лицето кое го управуваше автомобилот Тесла што експлодира пред хотелот на Трамп, но не е подготвен да ги објави тие информации, пренесе Ројтерс.

Голем огномет и канистри со бензин биле пронајдени во автомобилот кој експлодирал и се запалил пред хотелот на Трамп, а маж е пронајден мртов во возилото, соопшти градската полиција.

Инцидентот се случи само неколку часа откако маж влета со пикап во толпата на улицата Бурбон во Њу Орлеанс на 1 јануари, убивајќи 15 лица, а повредија повеќе од 30.

Би можело да ве интересира

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ