ФБИ истражува околу 300 лица кои во САД биле примени како бегалци

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) истражува околу 300 лица кои во САД влегле како бегалци, а наводно имале активности поврзани со тероризмот, изјави неименуван претставник од Министерството за внатрешна безбедност.

– Зборуваме за околу 300 лица кои се примени во САД како бегелци, а кои ФБИ ги истражува заради потенцијални активности поврзани со тероризмот, изјави неименуваниот претставник на Министерството за внатрешна безбедност, пренесоа француските медиуми.

Тој не прецизираше детали за тоа од каде тие бегалци дошле во САД, нити колкумина се од шесте земји со доминантно муслиманско население, опфатени со забраната за влез во САД, согласно извршната наредба која денеска ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени