ФБИ: Исчезнале 1,2 милиони долари од швајцарски авион

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека по слетувањето на авионот на швајцарскиот „Интернешанал ерлајнз“ на аеродромот „Џон Ф.Кенеди“ е утврдено дека од него исчезнале 1,2 милиони долари во готовина.

Исчезнатите пари биле во банкноти од по 100 долари, изјави претставник на ФБИ. ФБИ истражува дали парите исчезнале уште на одделот за багаж на аеродромот во Цирих, од каде што полетал авионот, или по слетувањето во Њујорк.

Швајцарскиот авиопревозник соопшти дека поради истрагата која е во тек не може ниту да го потврди ниту да го коментира овој случај.

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка