ФБИ има проблем со кадарот, затоа што ИТ експертите пушат марихуана

Од:

Во сајбер војната, ФБИ има големи проблеми – не може да најде соодветен кадар, затоа што голем број компјутерски експерти пушат марихуана, јави Телеграф.

Според важечките правила, во бирото не може да се вработи никој кој пушел трева во текот на последните три години, а според зборовите на директорот на агенцијата, овој критериум голем број од најдобрите кандидати не го исполнуваат.

– Морам да вработам многу луѓе за да се борат со сајбер криминалците, а некои од тие деца пушат џоинт и додека доаѓаат на интервју, рече, Џејмс Коми, директор на ФБИ.

Тој додаде дека заради тоа размислуваат да донесат полиберални правила во врска со марихуаната.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп