ФБИ ги истражува заканите за поставени бомби во центрите на Еврејската заедница низ САД

Од:

Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) соопшти дека е покрената широка истрага за вториот, масовен бран закани за поставени бомби во објектите каде се сместени Центрите на еврејската заедница ширум САД.

Вчера 27 вакви центри, во 17 сојузни американски држави, имаат примено заканувачки телефонски пораки за поставени бомби, што подоцна се покажало дека биле лажни.

Повиците сепак предизвикале вознемиреност, па сите центри кои имале примено вакви закани, биле итно евакуирани.

Полицијата соопшти дека ништо сомнително не било откриено, како и дека никој во сите овие инциденти не бил повреден.

Според медиумите во САД и во Израел, кои пишуваат за заканите, никој досега не ја презел одговорноста за испраќањето пораки.

Такви закани првпат се регистрирани на 9. јануари годинава, кога пораки по телефон примиле 16 еврејски центри во девет сојузни држави на САД.

Израелскиот весник „Хаарец“, кого го цитираат американските медиуми, открива дека изјавите биле снимени, па преснимувани, а биле користена и техниката за придушување на гласот на оној кој ја прајкал заканата, за да не може да се открие неговиот идентитет.

Сите Центри на еврејската заедница во САД кои се „нападнати“ на таков начин се образовни или здравствени.

Претставник на ФБИ признал дека полицијата нема се уште осомничени лица како и тоа дека не се знае мотивот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски