Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Од:

Имунологот Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести изјави денеска дека враќање на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на 2021 година.

Фаучи, кој онлајн учествуваше на конференцијата „Граници, Фестивал на здравје“ организирана во Рим, потенцираше дека дотогаш е неопходно стриктно почитување на пропишаните мерки како што се заштитна маска, физичка дистанца, избегнување собири и повеќе престојување на отворено.

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

– Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светската популација за да се запре ширењето на вирусот, потенцира Фаучи.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“