Фатена птица грабливка која напаѓала граѓани

Од:

Агресивната грабливка која повеќе од една година ги напаѓала минувачите во холандскиот град Пурмеренд, кој се наоѓа на околу 20 километир северно од Амстердам е фатена, пренесуваат меидумите. Птицата која го добила името „Терор Ут“ во последната година нападнала околу 50 лица.

Станува збор за најголемата ноќна грабливка во Европа, чиј што распон на крилја може да достигне речиси два метри. Граѓаните започнале да носат чадори или шапки со цел барем привремено да се заштитат од нападите. Одборникот Марио Хегер рекол дека градските власти сакале да ја остават птицата на слобода, меѓутоа тоа станало премногу ризично за населението.

Овој вид на птици е заштитен со директива на ЕУ, поради што градските власти морале да бараат дозвола за нејзино фаќање.

-Нападите стануваа се посериозни, луѓето стравуваа да излезат од своите домови – се наведува во соопштението.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина