Фармацевт-антиваксер од САД намерно уништил стотици дози вакцини, го чекаат три години затвор

Од:

Поранешен фармацевт од американската држава Висконсин, кој свесно и со намера уништил повеќе од 500 дози вакцини против коронавирусот, вчера беше осуден на казна затвор од три години.

46-годишниот Стивен Бранденбург од градот Графтон, во февруари се изјасни за виновен по двете точки од обвинението, кое вклучува неовластено менување потрошувачки производи во болничката аптека. Тој призна дека како вработен во болницата Аурора, намерно ги извадил вакцините на производителот „Модерна“ од фрижидерот и неколку часа ги држел на повисока температура, затоа што знаел дека тоа неповратно ќе ги уништи дозите.

Во неговата изјава за време на изрекувањето на пресудата, Бранденбург рече дека чувствува „голем срам“ и дека презема одговорност за неговите постапки. Според локалниот весник Милвоки Сентинел, тој им се извинил на колегите, на неговото семејство и на заедницата.

Повеќето вакцини во болницата Аурора биле навреме повлечени, но 57 луѓе биле имунизирани со дози од пратката која ја оштетил Бранденбург. Лекарите веруваат дека и овие вакцини биле ефективни, но неколкуте недели неизвесно предизвикале гнев и голема нервоза кај луѓето што ги примиле овие дози, пишува во судските документи.

Според американските закони, на Бранденбург му се заканувала максимална казна од десет години затвор и 250.000 долари за секоја од двете точки на обвинението.

Осудениот фармацевт според сопствено признание е теоретичар на заговор, кој верува дека е пророк, а вакцините се производ на ѓаволот. Меѓу неговите верувања е и дека Земјата е рамна, како и дека нападите од 11 септември 2001 година биле лажни.

Според американските медиуми, Бранденбург тајно ги заменил вакцините со физиолошки раствор за да избегне да ја прими вакцината и успеал да убеди уште неколкумина колеги да ги заменат.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво