Фараж: Брегзитот и победата на Трамп покренаа глобална револуција

Од:

Поранешниот лидер на британската Партија за независност (УКИП) Најџел Фараж изјави дека Брегзитот и победата на американскиот претседател Доналд Трамп покренале „голема глобална револуција“ што ќе се прошири и во другите западни земји.

Фараж ја поздрави извонредната победа на Трамп и потсети дека го поддржувал за време на кампањата.

– Кога идните генерации ќе учат за историјата од овој период, една година ќе се истакнува, а тоа ќе биде 2016, нагласи Фараж.

Тој ги наведе и „возбудливите избори“ што оваа година се очекуваат во Холандија, Франција и Германија, а можеби и во Италија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп